Сакал да помине граница со патна исправа на друго лице, кумановската полиција го привела

На 30.10.2020 во 20,00 часот на граничниот премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен Л.А.(25) од Р.Албанија за кого, при пасошка контрола, било утврдено дека употребил патна исправа на друго лице – Л.Н.(30) од Р.Албанија, а од причина што во неговата патна исправа имал забрана за влез во земјите во ЕУ. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово, за понатамошна постапка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста