Сајковски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека промените се случуваат

Во Кавадарци пуштена во употреба петтата по ред мини хидроцентрала Лукар. Според генералниот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајковски ова е значајна инвестиција за граѓаните во кус период, по неодамнешното пуштање на новиот пазар во овој град.


-Во овие тешки услови за живот, на растечка сиромаштија и економски проблеми оваа инвестиција од 23 милиони денари преставува успешен пример како домаќински се работи за граѓаните. Токму е ова примерот кој го следат и останатите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои покажуваат дека промените се случуваат и ние секогаш сме со народот, порачува Сајковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста