Сајкоски: Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола

Генералниот ссекретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Ѓоргија Сајкоски, денеска од Битола потсети на сите ветени, а нереализирани проекти на Владата.

Во изјавата за медиуми Сајкоски потсети на следново:

Факт е дека Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола. Наместо напредок и развој, испорачаа лаги, корупција и очај.
-Предизборните ветувања ги почнаа токму од изградба на автопат од Битола за Скопје, но за жал не го реализираа.
-Во нивниот План за живот ветуваа и темелно реконструирање и опремување на Клинички центар во Битола, и тоа остана само план на хартија.
-Заев вети целосна гасификација на Битола до 2020, но процесот тапка во место.
-Се обврзуваа планинарскиот дом Копанки да го изградат и обноват, да биде дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени, со што уште еднаш ги излажаа битолчани.
-Ветуваа изградба на модерна сообраќајна инфраструктура.
-Економијата и инвестициите беа главен дел на програмата на СДСМ, но во свој стил, ветија и излажаа.

https://www.facebook.com/254601848050403/posts/1726213420889231/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста