Сајкоски со предлог до Пендаровски: Предлагам да ги укинете и телевизиските канали што ја прераскажуваат светската историја предлагам и каналот за географија да биде укинат

Предлог до власта и Пендаровски!

Кога веќе започнавте со сериозните реформи и решивте дека треба да укинете историја и географија, кога решивте дека тоа е основното што смета на образовниот процес и треба да го подобрите, предлагам да ги укинете и телевизиските канали што ја прераскажуваат светската историја, а предлагам и каналот за географија исто така да биде укинат.

Но, најзначаен предлог до власта, ако не се сетиле до сега, е да ги земат сите артефакти од музеите, депоата, па да ги стават на некој од многуте археолошки локалитети – нека е во близина на Битола, бидејќи тука работат фирмите на Заеви – па нека земат некоја поголема машина која работи во близина, од некоја од фирмите на Заев, и нека ги уништат сите докази дека постоела цивилизација на овие простори.

Нека ги земат книгите од Универзитетската библиотека од архивот и нека ги запалат, најдобро би било да го сторат тоа на некој плоштад. Што е следно… музиката, македонската, нека ја забранат, па нека ја нема и неа. Белким тогаш ќе бидеме реформирани комплетно.

Знам дека имаме мудра Влада на која не и’ требаат препораки бидејќи тие смислиле се’! Па, тогаш Владата може да ги искористи своите капацитети да почне да уништува се’ што е наше наследство, бидејќи поштата е при крај, исто како и железниците и термоелектраните. Шумите нека ги сечат уште повеќе и што повеќе без план, езерата нека ги исцедат до последна капка, се’ што е во сопственост на државата нека уништат. Спортските сали нека ги пренаменат во производствени капацитети за марихуана, а стадионите нека ги изораат.

Кога зборуваме за моделите и кој модел го користела оваа власт можам да кажам едно: господа, вие сте прототип. Нема никаде во светот ваква влада и претседател. Влада која носи срам за својот народ. И си мислат дека ќе им остане само буџетот за трошење што го собираат од граѓаните, но и тоа е за кратко бидејќи и тој ќе го нема за следната година – оти нема од каде да се собираат пари. Ништо не ви работи, освен криминалот, ама тој не ви е оданочен.

Затоа господа од власта пакувајте се полека затоа што за брзо ќе си одите.

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста