САД ќе бара одговорност за воени злосторства на руската војска во Украина

И, додека Русија продолжува да гранатира цивилни цели во Киев како и другите украински градови и населени места, претставниците на Стејт департментот внимаваа да не ги означат сите напади како воени злосторства, велејќи дека е потребна документација и истрага.

Амбасадорката на САД Бет Ван Шак е фокусирана на глобалната кривична правда. Таа беше потврдена од Сенатот минатата недела и рече дека внимателно ја следат состојбата.

„Претходно, секретарот Блинкен издаде изјава во која објави дека врз основа на информациите што се достапни во моментов, американската влада оценува дека руските сили вршат воени злосторства во Украина“, рече Бет Ван Шак, американска амбасадорка за глобална кривична правда.

Ван Шак рече дека САД и нивните партнери се шокирани од сликите на руските сили и воздушни напади кои погодуваат локации со цивили во Мариупол, вклучително и породилиште, музеј и уметничко училиште.

Новинарите ја прашаа дали проценката за воените злосторства се однесува и на рускиот претседател Владимир Путин.

Како што спомнавте, постои синџир на команда кога станува збор за војска како руската војска. Доктрински можеме да ги сметаме одговорните според меѓународното право оние кои се директно одговорни, оние кои би можеле да бидат соучесници или на друг начин ангажирани во некаков заеднички злосторнички потфат со сторителите“, додаде таа.

И, покрај видеото на кое се гледа како се бомбардираат украински болници и јавни установи, Русија негираше дека намерно гаѓала цивили.

Американските власти велат дека одговорноста на крајот ќе зависи од пресудата на судот кој има јурисдикција. Говорејќи во Американскиот институт за мир, украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, се присети на првиот нацистички концентрационен логор создаден во март 1933-та година во близина на Минхен.

Денес, за жал, историјата се повторува. Денес повторно во центарот на Европа, сега во Украина, зборуваме за злосторства, за геноцид, за воени злосторства и злосторства против човештвото”, рече Оксана Маркарова, украинска амбасадорка во САД.

Експертот за меѓународно право, Џејн Стромсет, рече дека Меѓународниот кривичен суд започнал истрага во Украина.

Како што спомна амбасадорот, обвинителот започна истрага и испрати тим истражители во Украина, тој SAD Rusija Ukraina Voeni zlostorstva 242 “, рече Стромсет.

Претседателот Џо Бајден разговараше за руските воени злосторства во Украина со партнерите од НАТО и другите во Брисел.

Естонија, Литванија, Германија, Полска, Словачка и Шведска исто така ги истражуваат потенцијалните воени злосторства во Украина, барајќи да се зачуваат доказите за идна одговорност.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста