САД и Русија се договорија: Преговорите за контрола на оружјето почнуваат овој месец

СAД  и Русија ќе  почнат разговори за контрола на оружјето овој месец, бидејќи единствениот важечки договор меѓу двете држави истекува за помалку од една година.

Маршал Билингслеа – специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за контрола на оружјето, на твитер напиша дека постигнал договор со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за времето и местото за почетокот на преговорите. Тие ќе почнат овој месец, неофицијалниот датум е 22 јуни.

Русија понуди да се продолжи договорот СТАРТ, што истекува во февруари, но Трамп сака нов договор што би ја вклучил Кина.

Москва смета дека идејата е нереална, бидејќи Пекинг одбива да преговара за каков било договор што ќе го намали неговиот нуклеарен арсенал, што е многу помал од американскиот и рускиот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста