САД и Германија ќе продолжат со континуирана помош за Украина

САД и Германија ќе продолжат со континуирана помош за Украина

По враќањето од ненадејната посета на Киев претходно оваа недела, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го одржа 17-тиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, пофалувајќи ја цврстата посветеност на групата кон Украина за одбраната од руската инвазија.

„Нашето единство испраќа јасна порака до Путин дека тој не може да не победи во натпревар на волји. И, додека Путин ја продолжува својата трагична и непотребна војна, тој беше принуден да бара поддршка од Иран и Северна Кореја“, рече Остин.

Германскиот министер за одбрана, исто така ја посети Украина, најавувајќи уште еден голем пакет воена помош за Украина во вредност од околу 1,4 милијарди долари.

Германскиот канцелар Шолц изјави дека го повикал рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине инвазијата на Украина и да ги повлече своите трупи за конечно да се дојде до крај на војната.

Путин во средата учествуваше на виртуелниот состанок на лидерите на Групата 20, велејќи дека Русија никогаш не ги одбила мировните преговори со Украина. Но, западните лидери и експерти велат дека Путин не покажал никаков интерес за какви било преговори за ставање крај на војната.

Некои експерти изразија загриженост дека двајцата главни поддржувачи на Украина, САД и Германија, може да се сметаат за тесно поврзани со воените напори на Киев. Мајкл Кимаж, експерт за односи меѓу САД и Русија на Католичкиот универзитет во Америка, истакна.

„Победата не е зад аголот за Украина. Русија го задржува своето контролирање на приближно 17 отсто од територијата на Украина, и брзо ги зголемува трошоците за одбрана, додека Русија има неискористени капацитети за работна сила во војната“, вели Кимаж.

Но, Кимаж, исто така, истакна дека Украина 21 месец успева да ја задржи агресијата на Русија, и покрај заканите на Москва за проширување на војната, а дека напредокот на Путин е исто така закочен.

„Русија немаше поголема победа на бојното поле од почетокот на летото 2022 година. Тоа е пред повеќе од 12 месеци. Русија потроши огромни ресурси за да го заземе градот Бахмут, град со 70.000 жители пред војната. Тоа е многу сомнително или пак можеби нема стратешка вредност за Русија“, додава Кимаж.

Експертите велат дека Украина се подготвува за уште една долга, студена зима, очекувајќи нови руски напади врз цивилите и нејзината енергетска инфраструктура.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста