САД ги купи сите резерви на лекот „РЕМДЕСИВИР“ во светот

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го купи речиси целото количество на лекот „Ремдесивир“ во светот кој се покажа ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.
Експертите се вознемирени од едностраниот потег на САД во врска со овој лек, како и пошироките импликации, стравувајќи од фактот што ќе се случи кога еден ден ќе се појави вакцина против Ковид-19.
Лекот „Ремдесивир“е прв лек кој американската Агенција за лекови го одобрила за употреба во лекувањето на коронавирусот и се покажало дека им помага на луѓето побрзо да закрепнат од болеста.
Просечната терапија за лекување на Ковид-19 опфаќа шест дози со вкупна цена од 3.200 долари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста