Саборот на новата Хрватската влада наместо 20 изгласа 16 министерства

Хрватскиот парламент изгласа закон со кој земјата место претходните 20 во следниот мандат ќе има 16 министерства.  За новиот закон за организација гласаа 85 пратеници, 30 беа против, а шестмина воздржани. Владеачката коалиција наведува дека со новиот закон владата ќе стане пофункционална и пооперативна, додека парламентарната опозиција,  смета дека оваа реорганизација  нема да доведе до заштеда и дека ќе се спојат некомпатибилни оддели. Според новиот закон владата ќе има 16 министерства, што е за четири помалку од порано, а останува истиот број на централни државни канцеларии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста