РУСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР НАВАЛНИ Е ВО СЕРИОЗНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални е во тешка состојба, а се разболе на летот кон Москва. На почетокот се претпоставуваше дека е отруен од нешто што бил оставено во неговиот чај на аеродромот. Од болницата соопштија дека труењето е само една од можните причини за состојбата на пациентот. Неговата здравствена состојба е стабилна и , според резултатите од тестовите, во организмот на Навални не се пронајдени знаци на труење, мозочен удар, срцев удар, инфекција или коронавирус. Руските лекари веруваат дека дијагнозата е метаболичко нарушување што предизвикало ненадеен пад на шеќерот во крвта.