Руската вакцина пристигна во Унгарија

Примерок од руска вакцина за коронавирус пристигна во Будимпешта. Унгарските научници сега ќе започнат со испитување на вакцината за да можат да донесат одлука за нејзината употреба и одобрување соопшти  министерот за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Денес на сите им е јасно дека само вакцината ќе обезбеди најдобро и најефективно решение за пандемијата. Затоа, владата вложува максимални напори да ги направи најдобрите, најбезбедните и најефикасните вакцини достапни на унгарскиот народ од што е можно повеќе извори“, рече Сијарто

Сијарто истакнува дека Унгарија е првата европска земја што примила примерок од вакцина на Русија.

Во меѓувреме, од денеска, во Унгарија започна редовното тестирање на клучните државни работници.

Владата минатата недела донесе одлука здравствените работници, наставниците и вработените во социјалните институции да бидат редовно тестирани.

Предвидено е тестирање да започне во училишта, градинките, и здравствените установи од понеделник.

Тестирањето ќе биде доброволно велат унгарските владини претставници.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста