Русите ни нудат вакцини, македонските власти ги игнорираат понудите велат од Амбасадата за Алфа

Зошто Македонија ја игнорира руската вакцина „Спутник V“?Руската амбасада во Македонија за Алфа открива дека на Владата на маса и биле ставени неколку понуди за набавка на руските вакцини уште во Септември, а одговор или официјално барање за набавка досега не добиле.

“Министерот за здравство на 10 Септември нѐ информира дека го прати процесот за руската вакцина и има некои прашања во врска со тоа. Потоа, на 25 септември, ја информиравме проф. Александра Грозданова, шефот на Националниот комитет за имунизација, дека Фондот може да организира видео конференција за постоечките прашања околу вакцината. На 15 февруари оваа година, Рускиот фонд за директни инвестиции уште еднаш испрати писмо до проф. Грозданова, каде информира за можност да се одржи  ваква видео конференција, како и за резултатите од 3-та фаза на клинички испитувања на вакцината „Спутник V“. Резултатите од вакцината беа објавени на 2 февруари, и ја потдврдија 91,6% ефикасноста на вакцината и 100% против компликации на болеста. Засега немаме каква била реакција за тоа.” – велат од Амбасадата на Русија во Македонија за Алфа.

Од руската амбасада посочуваат дека секојдневно добиваат прашања и барања за „Спутник V“ од македонските граѓани. Но за да ја добијат оваа вакцина велат од амбасадата, Владата треба да даде зелено светло.

Иако Македонија располага со многу мал број на вакцини,останува непознато зошто  здравствените власти се уште не размислуваат за набавка на „Спутник V“? Министерот Филипче неколку пати повтори дека Македонија е отворена за сите производители, но никогаш не даде конкретен одговор зошто земјава не ја набавува руската вакцина.Од МЗ велат дека преговорите се одложени сè додека вакцината не ги добие сите потребни сертификати за завршени клинички испитувања, а руската амбасада пак посочува дека веќе ги има.

Дека не треба веќе да се губи време и итно да се набават вакцини во поголем број алармираат и докторите.

“Тотално е небитно кој е производителот. Треба да се набави вакцина и сите граѓани кои можат треба да ја примат вакцината од било кој производител.Значи ние треба да се заложиме да стигнат вакцини во поголем број” – вели д-р Александар Каревски.

Инаку, д-р Каревски вчера се имунизираше со фајзеровата вакцина, вели дека се чувствува добро и им порачува на сите да не размислуваат туку доколку имаат можност што поскоро да се вакцинираат.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста