Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – што значи тоа?

Македонија стана државен непријател на Руската Федерација. Откако македонската влада се приклучи на земјите членки на ЕУ кои воведоа целосни санкции кон Москва како одговор на инвазијата во Украина, од Кремљ објавија список на држави кои од денеска се ставени на „црната листа“. Ова е првпат во историјата на Македонија да бидеме прогласени за непријател на некоја земја, а тоа ќе повлече сериозни импликации децидни се екпертите. Иако Македонија се изедначува со одлуките на меѓународната заедница, сепак мора да се води од националните интереси, особено во делот на економијата која во вакви услови е под сериозна закана,вели за Алфа поранешниот амбасадор Васко Наумовски.

-Сепак Македонија треба да биде повнимателна во градењето на позициите кон државите кои се вклучени во овој судир. Оној интерес кој треба примарно да се заштити е македонскиот национален интерес, нашиот политички, економски и безбедносен интерес и во таа насока да се преземаат сите чекори. Усогласувањето со политиките на НАТО и ЕУ треба да биде применето, но првенствено да се заштити македонскиот интерес, вели Наумовски.

По информацијата од официјална Москва, рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин веднаш е повикан во МНР да прими протесна нота. За министерот Бујар Османи, објавата на руската амбасада, е непристојна, и е – класична закана. Сепак засега немало одлука за протерување на руските дипломати од земјава.

„Не е прекршување на тоа ниво за амбасадорот да се прогласи за персона нон грата“, вели Османи.

Русија пред само неколку дена најави дека соодветно ќе одговори на пакетот санкции кои беа воведени по воената операција. Амбасадата на Русија во земјава пренесувајќо ги официјалните ставови на Кремљ се пожали на како што велат невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји и најави дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани. . Засега останува нејасно со какви инпликации конкретно ќе соочи Македонија, имајќи во предвид дека голем дел од извозот на македонски производи завршува на рускиот пазар.  

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста