Русија ја оцени како провокација шпионската афера во Србија

Руското министерство за надворешни работи ја оцени како провокација снимката за наводно руски разузнавач во Србија во пресрет на средбата меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот српски колега Александар Вучиќ. Портпаролката Марија Захарова вели дека се навикнати да се објавуваат како што вели интересни приказни, сензации и лажни вести во пресрет на такви состаноци.

„И, тогаш времето минува и сето тоа завршува и се утврдува дека се работело за евтина провокација“, изјави Захарова на редовната прес-конференција.

Таа додаде дека сите прашања што се од интерес на земјата се решаваат преку соодветни канали, „а ова ние треба да го третираме како провокативна приказна“.

„Кремљ е уверен дека ништо не може да ги наруши односите меѓу Русија и Србија, и покрај тоа што претседателот Александар Вучиќ отвори истрага за снимката која наводно покажува како руски агент му дава пари на припадник на српските безбедносни служби, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Српските медиуми објавија видео на кое се гледа како рускиот воен разузнувачГеоргиј Клебан, чиј идентитет го потврди во јавноста српската безбедносна информативна агенција, дава пари на висок српски офицер. Клебан до неодамна работел како заменик одговорен за одбрана во руската амбасада во Белград. Поради снимките Вучиќ го повикал на состанок рускиот амбасадор а доцна попладнево ќе биде одржана и седница на Советот за национална безбедност на Србија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста