Рушењето на плажите е параван за дивоградбите, реагираат поранешните концесионери на Охридско езеро

Рушењето на плажите служи како параван со кој пред Унеско се прикриваат огромниот број на дивоградби-ние не сме профитери,ниту криминалци.Не е точно дека не сме ги подмирувале давачки кон државата и општината откако ни истекоа договорите за концесирање, реагираат довчерашните коцесионери на изјавата на охридскиот градоначалник кој го обвини за узурпација и злоупотреби во работењето за што остварувалеприходи кои за 4 години достигнувале сума дури и до 190 милиони денари.

Ние доволвиме да се изградат безброј згради на места каде што ниту природно, ниту никој  требаше  за тоа да не предупреди дека на тоа места не треба да има станбени зградиКако дојдовме во оваа ситуација јас не знам и навистина е непријатно кога после толку години успешна работа некој ќе Ве нарече криминалец. Сите обрски према државата, даночна пријава за 2019-та, 2018-та, 2020-та, си е профатена и се уплатени сретства на основа на даноци, придонеси, придонеси на плати и т.н не може да биде криминално работење – Митко Пендов – концесионер.

За Веродостојност за обнивувањата на Георгиески дека на нелагален начин концесионерите остварувале фрапантни суми приходи, побараме информација од УЈП и пазарниот инспекторат, а еве што ни одговорија.

УЈП кај правните лица концесионери на плажи може да врши контрола од аспект на исполнување на даночните обврски и таму каде што се утврдени неправилности истите се санкционирани и оданочени.” – велат од УЈП.

Работењето на диво е општ поим и опфаќа повеќе ставки за да се нарече со таков неправен епитет-велат од државниот пазарен инспеторат.

“Добивањето концесии или постоењето т.н.,,дивоградби,, е во опфатото на работењето на Општината. Приходите кои се остваруваат ги контролираат инспециските служби на УЈП, додека пак работата на ДПИ е да ги контролира правните субјекти согласно Законот за вршење угостителска дејност и по истиот се постапува” – велат од Државен пазарен инспекторат.

И додека оштина Охрид,УЈП и пазарана инспекција си ја префлаат одговороноста, концесионерите меѓу другото бараат од гратскте советници итно одлагање на акцијата за рушење до средина на сепртември и изнаоѓање решение. Во меѓувреме од денес кај каналот Студеништа се паркирани багери што значи градоначалникот сепак ќе ја споведе акцијата за рушење на најатраквните плажи од Студеништа до Канео.Иако тој рече дека од денес угостителските овбјекти на плажите ќе ги затворат,но денес тие работеа.

Росица Голабоска