„Покрај сувото, гори и суровото“- угостителите се жалат, заради несовесно однесување на поединци трпи фелата



Во екот на пандемијата, Европа во пресрет на празнувањата воведува построги мерки – во одделни држави кафулињата и рестораните нудат услуги само за достава, некаде пак работат само маркетите за храна, аптеките и пекарниците, а угостителсктите објекти се под клуч за разлика од кај нас. Според охридските угостители неблагодарно е да се спредуваат европските земји и Македонија. Далеку сме ние од Европа велат, таму граѓаните имаат висок стандард, а државите еднаков аршин кон сите.

„Во моментов коцкарниците и кладилниците ја обавуваат истата дејност како угостителите и тие поседуваат шанкови, служат кафе, алкохолни и безалкохони пијалоци внатре.Тие работат, но тие изгледа носат поголем профит во државната каса и затоа тука е направена отстапка.Ние и да не не’ затвори Владата ќе преминеме кон непопуларната мерка сами да ги затвориме угостителските капацитети со тоа што ќе останат многу луѓе на улица“, вели Томе Тримчев-угостител.

Скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот катастрофално ќе се одрази врз угоститетелкиот сектор ставајќи ги во незавидна состојба од 500 до 1.000 луѓе – велат угостителите кои од државата не добиле безмалку никаква помош. Се жалат дека минималната плата и тоа нередовно, добија селективно само неколку локали и оти се бара од нив константно, во текот на целата година да имаат ист број вработени.

„Мерките треба да бидат или крајно ригорозно или да бидат олабавени со коректно контролирање на спроведувањето на мерките, бидејќи ваквиот начин на намалување со по некој час мислам дека продонесува само до проблеми, а не до решенија. Меркиве мислам дека нема да го дадат очекуваниот резултат и стои прашање дали само со намалување на обемот на работа на угостителсите објекти ќе се придонесе во ширењето на кризава“, рече Михаил Мишев – еснаф на угостители.

„Угостителските објекти според мене се единствени објекти каде што протоколот се практикува. Тука се луѓето условно кажано најзаштитени и инспекциските служби можат да извршат контрола единствено во угостителските објекти“, рече Антонио Наумоски – угостител.

Покрај сувото, гори и суровото – заради несовесното однесување на поедници трпи целата фела, велат угостителите. Од почеток на корана кризата до сега претпевме милионски загуби, со вакви регорозни мерки и никаква помош на државата, 60 % од угостителските објекти на територија на општините Охрид и Струга ќе ги затворат своите капацитети и нема да ја обавуваат дејноста.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста