Охридска програма и план за Нова година и Божиќ

Српските туристички агенции го продаваат бајкотивиот Охрид како топ дестинација за најлудата ноќ. Во неколку дневните новогодишни пакет аранжмани на гостите им се нуди незаборавна забава на ривиерата со свечена вечера и богата трпеза со неограничени количини алкохол како и жива музика во хотел за сума од 30 евра. Програмата содржи факултативни излети,посета на културно историските знамености не само во Охрид, туки и надвор од него.Забави на брод, шопинг тури, релаксација во локалите со музика на уво.

Од Хотелскста асоцијација на Македонија тврдат дека нема интерес кај соседни земји за празнвување кај нас. Велат дека 90 % од хотелите за новогодишните празници ќе бидат затворени,затоа што немаат есап да работат според строгите протоколи во услови на пандемија.

  • Самото растојание ни ја намалува бројката за дочекот и ако немаме сала пример за 400 луѓе, сега треба да биде со 150 луѓе и сите тие трошкови ќе бидат многу повиски, нема да се продаваат-вели Крсте Блажески-Претсед.на Хотам.

Охриѓани пак сметаат дека трба да се забрани влез и излез не само во државава, туку и во туристичките Охрид,оти како што велат само така ќе се заштитиме од ширење на опасниот вирус.

Анкета:

1.Да се забранат границите да не излегуваат надвор од државава и да не влегуваат, тука е најопасното.Така и и дојде овај Ковид. Да се затвори да нема доаѓање од други места ако сакаме да се спасиме ; 2. За празнициве што доаѓаат за нова година за Бижиќ, за Водици, за Василица, тие денови треба да се воведе полициски час воопшти во цела држава, не само во Охрид

Дел од станоиздавачите велат дека државата час поскоро треба да воведе поригорозни мерки со кои ќе се забрани работа на хотелите и да се изнаде начин како да се спрачат приватните станоиздавачи  во овие празнични денови да ги издаваат апартманите.

  • Да си превземе државата соодветни мерки  во однос на спречување на издавање приватни соби,јас сум еден од нив меѓутоа не издавам.Ниту летоска, ниту другово лето ќе издавам затоа што не е сеедно дали ќе бидам заболен или нема да бидат заболен.Не сме дисциплинирани како народ за да можеме ние самите тоа да го напаравиме-вели Крсте Трајаноски станиздавач.

Мора државата да превземе чекори ако не сакаме бројот на заразени после празниците да достигне повеќе од загрижувачки размери, вели нашиот соговорник.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста