Осквернавениот споменик во Охрид експресно обновен

Охриѓани го осудуваат сквернавењето на споменикот “Солзата на Роза“ посветен на  жртвите од бродската несреќа што се случи пред 11 години а во која животот го загубија 15 бугарски туристи. И покрај тоа што се наоѓа во близина на полициската станица и армискиот центар за обука на вода, кај каналот Студенчишта,деновиве несовесни граѓани ја искршиле плочата од споменикот кој беше поставен на 5-ти септември. Ваков вандализам не им доликува на охриѓани-велат нашите сограѓани.

-Политиката си е нешто што задира во односите во луѓето коренито, а овде нема политика. Треба да има човечност, треба да има почитување едни кон други, тоа е големината на човекот ништо друго, а омразата и другиве работи носат лоши работи . 

Апсолутно е неоправдан чинот на сквернавење на оваа спомен плоча која сведочи за немил настан во кој настрадаа невини луѓе-вели првиот човек на Капетанијата.

-Недорабирањата во политиката апсолутно не можат да бидат причина за сквернавење на спомен плоча, поготово поврзана со пловидбена несреќа. Апсолутно тоа е за осудување тој чин, изјави Горан Устијаноски од Капетанија на простаништа

Портпаролот на СВР Охрид вели дека до овај момент нема пријавени оштетување на спомен обележјето на загинатите бугарски туристи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста