3-ца малолетни вандали две недели се забавувале и го уништиле ентериерот на градинката „Росица“ во Охрид

Две недели натрапници се гоштевале во градинката “Росица” насилно обивајќи ги вратите и позорците во објектот.Правејќи р’шум низ сите занимални,искористувајќи го приборот за храна и садовите, си проготвувале вечера.Негувателките загрижени за 50-те дечиња, раскажуваат што се правело во градинката.

– Искористувана храна, искористувани некои предмети како тенџериња, лажици, изнесувани надвор од градинката што за нас е стварно страшно во ова време на пандемија.И да не е пандемијата, зошто да се користат на таков начин работите во кои што нашите деца треба да јадат или недај Боже да спијат.Нашиот главен страв беше што се случува можда со креветчињата или масичките каде што нашите деца спијат или јадат, од тоа сме многу загрижени, изјави Венера Јоноска од градинка “Росица”

Целиот објект  дополнително се дезинфицирал,а храната се фрлала,бидејќи не знаеме што ставале во неа-велат негувателките кои со страв ги изнесуваат дечињата и в дворот.

-Не треба многу само момент е во прашање детето да најде и да фати нешто, а после тоа последиците можат да бидат големи, без разлика што е и презервативот и шприцот, изјави Весна Јорданоска- градинка “Росица”

По две недели полицијата конечно ги фатила натпрапниците кои не само што лумпувале,туку и краделе.Станува збор за 3-ца малолентици на 15 годишна возраст.

Директорката на градинката вели дека веќе 20 години немаат ноќна смена чувари и бидејќи ова не е прв инцидент, ќе ангажирале првиватна агенција за обезбедување.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста