Кичеец го прими упатниот акт, на 26-ти октомври треба да се јави во затворот во Струга

Зоран Милески-Кичевскиот,првиот осуден во случајот “ Рекет “ на 26-ти октомври треба да се јави во К.П.Д. Струга каде ќе ја издржува затворската казна. Тој денеска заедно со заменик адвокатот Ристо Новакоски се појави во охридскиот Основен суд, при што ја повлече молбата за одложување на извршување на затворската казна која претхоно ја приложи до КПУ Затвор Скопје и лично го прими  Упатниот акт согласно кој, Милески за 11 дена треба  самиот да се пријави на Теферич, во струшкиот затвор.

Бидејќи Кичевскиот не е повратник на кривично дело, робијата ќе ја помине  во К.П.Д. Струга тоа е затвор од отворен вид, каде лежат лица осудени на казна затвор од три години. Тоа значи дека осудениот ќе излегува од ќелијата секој ден , а ќе се враќа само за спиење, најдоцна до 19 часот. Но, да за може деновите да ги минува надвор Милески ќе треба да се вработи во фирма која пак за неговиот ангажман на затворот ќе му плаќа месечно околу 18.000 денари. Ако не најде вработување, затворот ќе го напушта само за викенди или празници, а за тоа со кого ќе ја дели ќелијата-ќе одлучи Управата на затворот.

Инаку Милески првично според упатиот акт на 12-ти октомври требаше да се појави во истажниот затвор Шутка,но во меѓувреме доставил молба за одлагање на правосилно изречената казна затвор. Тој го известил судот дека по приемот на упатниот акт ја променил адресата на живеење од Скопје  во Охрид.Од тука, согласно одредбите од законот за извршување санкции надлежен за понатамошно постапување по предметот е Основнит суд Охрид.

Правни експерти за Алфа велат ова е очекуван потег со оглед на тоа што Милески има луксузен апартман во Охрид каде ги поминувал последниве месеци, а терал бизнис и во угостителство. Згора на тоа, условите во затворот во Шутка и оние во струшкиот се неспоредливи.Овој вториот,велат упатените, е помал со помалку осуденици а и полесно ќе ја одлежи казната,оти во поголем затвор ина и погоема контрола.

На Милески кој на почетокот на почетокот на декември го призна делото за случајот “ Рекет “и за примање награда за против законито влиајние доби затворска казна од три години,сега му оставуваат уште една година и 6 месеци,бидејќи половина од казната ја помина во притвор-добар дел и во домашен.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста