Нов скандал во Охрид – Нефи Усеини за багателна цена купува земјиште локалната власт се крие
Додека охридската локална власт крие кој го купи градежното земјиште во индустриската зона Мауцкер, Нефи Усеини веќе почна таму да ја сели бетонската база-пред да ги плати даноците и целиот износ за продадените парцели, не почитувајќи го рокот за приговори,согласно договорот. Усеини лапна 2 парцели со вкупна површна од 21.589 метри по багателна цена од само 25.000 евра.
За земјиштето кое се продаваше по едно евро,потенцијалните купувачи требаа да приложат банкарска гаранција од дури 3 милиони денари,а на продажбата можеа да учествуваат домашни и странски физички и правни лица кои вопоследните 3 години од работењето оствариле минимален износ на вкупни приходи кои се движат од 100.000.000( милиони) до 150.000.000,00 ( милиони ) денари или во евра-близу 2 и пол милиони.Охридскиот огранокна ВМРО ДПМНЕ до Антикорупциска ќе поднесе пријава против градоначалникот Георогиески.
– Заради тоа што спровел постапка за отуѓување градежно земјиште поставувајќи ограничувачки услови кои се очигледно однапред договорени со својот коалиционен партнер ,така што свесно спровел постапка нарушувајќи го начелото на лојална конкуренција, изјави ДЕЈАН ШИКОСКИ – ВМРО ДПМНЕ
Инаку иако во урбанистичкиот план стои дека Мауцкер е индустриска зона,овој некогашен воен локалитет е депонија за одлагање на градежен шут со која стопанисува Ј.П.” Охридски комуналец “. Група граѓани чии имоти граничат со Мауцкер поднеле пријава до ОЈО.Трдат дека на Мауцкер не се носи само комунален, туку и опасен отпад. Според наведеното во пријавата на почеток на месец мај на 50-тина метри од нивните имоти на Мауцкер од камион со ротациони светла излегле лица со скафандери и маски кои истурале некаква течност, која ја затрупале со земја,а потоа ја измиле внатрешноста на камионот.Ова се повторува во неколку наврати .За сучајот ја информирале и полицијата и ресорното министерство, но до сега никој не првзел ништо.И додека тие се жалат дека и обвинителството не постапува по пријавата, првиот човек на ” Комуналец” ги отфрал обвиненијата.Трди дека ангажирале компанија за чистење на колектроскиот систем.
– И се работи исклучиво за одлагање на ситна песок, односно муљ кој што е собран од колекторот не се работи за никакви хемикалии .Во самата депонија беше извршен испекциски надзор, изјави ЉУПЧО ГРДАНОСКИ – директор на Ј.П.” Комуналец”
Грдоски вели дека Мауцкер се користи како депонија дури од 2004-та година,со краток прекин во 2014-та кога тогашниот градоначалник Бакрачески донел времена забрана за одлагање градежен шут на таа локација.Се додека не се најде алтернативно решение, отпадот ќе се носи таму-дециден е Градоноски кој кажа дека дневно на Мауцкер се одлагаат околу 400 метри кубни шут.
Росица Голабоска