Откажан забавниот дел од Вевчанскиот карневал поради смртта на синот на екс-пратеникот Крсто Мукоски
Вевчани завиено во црно,деветнасет годишно момче синоќа после полноќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа.Вевчанскиот сон е претворен во кошмар. На најсветиот ден за сите вевчанци замина Милам Мукоски син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. Во Вевчани владее неподнослива тишина и траорна атмосфера,нема татнеж од тапани,нема пискот на зурлите,само неми погледи и насолзени очи кај секој врвчанец и доборнаметник кој дошол да ужива во вевчанскиот карневал, неслутејќи што ќе се случи. Посетителите со нетрпение чекаа да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена.
–“Се деси несреќа што никогаш не е десена од кога постои карневалот. Паметите вакво издание на карнревалот? До сега не, јас 80 години имам наполнато, ова не беше десено до сега; -За жал годинава разбрав дека нема да се одржи сочувство до фамилијата,но како настан е многу убав.Тука присуствуваме секоја година, навистина ми се допаѓа традицијата,концертите што ги прават, маските пријатно,е тука.Ќе останете сепак денес тука во Вевчани ? Да дефинитивно, да”
Вевчанските василичари сепак ќе го одржат дефилето со маски кое треба да започне секој момент,но со промена на рутата во која ќе движат.Василичарите ќе ја заобиколат церквата Св.Спас која се наоѓа во непосредна близина на домот на семејството Мукоски. Во чест и спомен на загинатото момче василичарите со едно минутно молчење ќе му одадат почит во центарот на Вевчани.Дел од рестораните целосни се затворени, а дел работат без музика.
“Вевчани сме мало место сите сме како една фамилија, вакви немили настани не потресуваат.Можам да кажам дека вечерашниот концерт ќе е откажан забавниот дел,општината и јас како градоначаник ги откажав пошто мислам дека нема да има учесници.Вевчани е едно место каде што овој ден го чека цела година, но не на ваков начин како што се случи оваа година”-вели Спасе Кочоски,градоначалник на Вевчани
Не го препознавам Вевчани вакво мене ми е навистина многу жал за овој трагичен настан најпрво би сакала да изразам сочувство до фамилијата”-рече Бисера Стојческа Костадиноска,министер за култура.
Инаку во полицискиот билтен стои дека околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци,патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал 19 годишник кој го управувал автомобилот.
Росица Голабоска