Охрид во потрага по келнери и готвачи

Келнери и готвачи нема ни за лек, македонските туристички центри принудени се да импровизираат со неквалификуван кадар. Проблемот со недостаток на работна сила е актуелен посебно последниве 5-6 години,но корона пандмијата ја дотолчи фелата.

Имавме рестрикции во сите ресторани и хотели, не дозволуваа повеќе гости да присуствуваат.Исто така хотелите беа затворени долг период,така да и сопствениците дел од кадарот што работи за нив беа принудени да ги отпушат вели Влатко Ѓоргиески –здружение на готвачи “Шеф “-Охрид.

 Туристичкиот сектор е уништен, наместо низ годините да се инвестираше во квалитетен кадар, сега хотелиерите и угостителите обезглавени,очајно се обидуваат по секоја цена да најдат чаре,очекувајќи некој да им работи за смеша сума,газејќи го човечкото достоинство-велат нашите соговорници.

Па речиси скоро 80 % од готвачите се веќе надвор од државата рече Горан Филипов-готвач од Кавадарци.

Се покажа дека туристичкиот сектор  е прилично нестабилен, во смисла на трајно вработување и голем дел од младите разбирливо се обидуват својот работен капацитет да го продадат на пазирите во регионов.Со цел да помогнат и да ги мотивираат сите оние кои сакаат да се занимаваат со кулинарство, 4-ца готвачи од Охрид организираат брзи курсеви.

На тие курсеви се отврени курсеви за сите невработени лица,значи без разлика на возраста. Е сега сме лимитирани околу бројката за секој курс, бидејќи местото каде што се одржуваат е толкаво, не ни дозволуваат условите за да прошириме вели Димитар Арнаудовски-готвач.

Два до три пати годишно се обучуваат по 20 кандидати, а наша интенција е да поттикнеме ваквата инцијатва и во другите градови, велат готвачите.

Инаку, во секорот туризам во Македонија беа вработени околу 25.000 лица,но последниве години,повеќето од нив заминаа на работа во странство.Конкретно ова лето,Хрватска нудеше плата од 1000 евра месечно,но и други бенефиции на сите заинтересирани кои се подготвени да ги покажат своите кулинарски вештини.Примамливи се понудите и во Дубаи каде исто така заминаат многу угостители. Сепак, не е мал бројот и на оние кои заминаа од угостителството и сега работат во индустрија,  велат нашите соговорници.

Росица Голабоска