Нема крај на проблемите во јавното здравство во Охрид, затворена и модуларната болница
Затворена модуларната болница во Охрид, 19-те заразени паценти се префрлени во старото инфективно одделение каде што нема централен довод на кислород.Од охридската општа болница протекоа информации дека модураната е затворена бидејќи попуштил кровот,при што како што се шпекулира,наводно дошло до спој на елетричната инсталација,директорот негира.
Имаме некоја мала појава на кондензат како разлика во промена на температурата и тоа ќе се санира.Нешто драматично и аларматно не е,сега знаете како е после тоа што се случи во Тетово и малку да има нешто, луѓето паничат.До сега не сме имале некои поголеми проблеми,но тие ситни проблеми ако имаме се решаваат.Ние и новава болница што е од тврда градба од кога е добиена па течи,па не е тоа нешто страшно вели Горан Балев-дир.на општа болница Охрид.
Балев додава дека објектот е под гаранција и оти инвеститорот ќе го санира проблемот за кој е известен и министерот за здравство. Филипче е информиран и за недостатокот на педијатри во охридската болница поради што безмалку два месеци езатворен одделот за детски болести.Двајцата педијатри вршат само амбулантски прегледи,хоспитализации нема, а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница.Министерот уверува дека ќе се најдело чаре, ама кога?
Со таков дефицит на одредени специјалисти од одредени специјалности, се соочуваме на повеќе места во државава и затоа интервенираме во Охрид со тоа што двајца педијатри ќе бидат пратени во следниот период од Скопје.Еве нека помине законската измена, па да се направи соодветниот распоред-рече Венко Филипче-министер за здравство.
Докторите велат дека за минимално функционирање на 24 часовна служба се потребни најмалку 5 педијатри, бидејќи годишно се вршат над 3000 прегледи.
Тебе не ти е страв од тоа дали ќе си уморен,страв ти е да не направиш грешка,ради тебе да не остане некое дете оштетено, или некое семејство остане без своето дете.Јас како началник на детско одделение сум презагрижен, затоа што во се’ ова што и понатака ќе се прави, наредните години ќе биде едно прикрпување затоа што ние имаме два специјализанти кои што во најдобар случај ќе дојдат за свои 4 до 5 години, а до тогаш ?-прашува Орхан Зекир-педијатар.
15 години не е пуштен доктор да специјализира педијатрија, вели доктор Зекир,кој како што рече се’ поизвесно е дека од фебруари ќе остане единственот педијатар во болницата.Филипче убедува дека докторите од Скопје ќе ротирале се додека не се најдело трајно решение.Инаку Алфа дознава дека модуларните болници во Македонија го привлекле вниманиети и на СЗО која ќе испрати свои експерти да утврдат што се случува со модуларните болници низ државава.
Росица Голабоска