Охрид полн – домашни и странски туристи ќе го чекаат Христовото Воскресение, на кеј или пред црква

Велигденски блесок во Центарот на православието.Во седум милениумскиот град кој што секогаш знаел ширум да ги отвори портите за сите оние кои што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат тука,годинава за разлика од лани, повторно има живост и покрај пандемијата. На Охрид му се восхитуваа бројни туристи од соседството кои знаат да ги впијат убавините на тивкиот, спокоен Охрид. Поголемите хотели се пополнети нешто повеќе од 20 отсто,но помалите и приватните капацитети се полни,покрај домашните најборојни се гостите од Србија.

АНКЕТА: 4-та година по ред за Велигден сум во Охрид затоа што ми е убаво,воопшто не размислував дали и овој пат да дојдам,иако е пандемија. Се чувстувам безбедно,во ред е да се носат заштитни маски во затворено простор,но на отворено не гледам никаква потреба ; Едвај чекам да видам како се прославува Велигден овде,како ќе биде во црквите.Ни за миг не се двоумев да дојдам. Фала му на Бога, барем нешто е отворено ; Во мир и тишина ќе ги поминам деновите,обиколувајќи го Охрид,но ќе се гоштеваме и во рестораните, не прескокнуваме ништо

За разлика од гостите од опкружувањето, опушеност нема кај оние кои во Охрид имаат свои станови, но поради коронавирусот безмалку цела година не го посетиле својот втор дом.Но Велигдене велат,празник на радоста и среќата, а градот буди продуховени чувства. Се чини вечерва сите патишта ќе водат кон верските храмови.

АНКЕТА: Во црква веројатно, малку на дистанца ќе ги запазиме сите работи пропишани.Се подразмисливте дали да дојдете ?Ние одамна го планиравме, меѓутоа пак се подразмисливме ; Па се плашиме да Ви кажам ама на дистанца и растојание ние седиме,носиме маски.

Туристичките работници со една мисла, што побрзо да се надмине оваа ситуација со пандемијата и да се врати сјајот во градот оти вака не го личи.

Имаме половина час прошетки околу стариот дел на градот и еден час прошетки и до Свети Наум ,но тие се помалку барани овој период. Тешко се кандисуваат луѓево за прошетки? Потешко е, оваа година е многу потешко-рече Петар Танески-бродар.

Јас не сакам државата,можеби во моменти треба да се помогне, ама јас повеќе сакам да не пуштат да работиме и сами за си заработиме-рече Ѓоко Танески-пеач

Кафетериите денеска беа полни,а вриеше и по чаршијата и градскиот кеј,повеќето од луѓето носеа заштитни маски. Инаку божјите храмови ги отворија ширум портите за верниците кои од раните утрински часови доаѓаат да запалат свеќа за подобро утре.

Росица Голабоска