Роналдо стана најдобриот голгетер во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо со двата гола во победата на Јувентус против Интер во првиот полуфинален меч во Купот на Италија стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот. Португалецот ги надмина Бичан и Пеле, сега има еден гол повеќе нив – 763, односно рекордна бројка на погодоци на официјални натпревари. Во ТОП 5 се уште и Ромарио со 740 и Меси со 720 и засега единствениот кој би можел да го загрози рекордот на Роналдо.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста