Роналдо со нов рекорд го донесе ЈУВЕ на прагот од деветата титула по ред

Кристијано Роналдо постави рекорд со новите два погодоци за Јувентус во победата против Лацио со 2-1. Португалецот стана првиот играч со 50 голови во трите најсилни лиги на светот, но и најбрз фудбалер со ваков ефект. Роналдо постигна 50 голови на 61 натпревар, уривајќи го рекордот на Швеченко, на кого му беа потребни 68 натпревари. Остануваат уште четири натпревари во Серија А за Јувентус, кој е на прагот од деветтата шампионска титула по ред.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста