РОНАЛДО ФУДБАЛЕР НА ВЕКОТ, ЛЕВАНДОВСКИ НАЈДОБАР НА ГОДИНАТА


Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на 21 век од страна на „Дубаи фудбал глоуб“ Се работи за настан кој веќе десетта година доделува признанија во различни категории. Во гласањето учествуваат љубителите на фудбалот и специјално жири. Роналдо беше избран за најдобар фудбалер во последните дваесет години, пред Роналдињо, Меси и Салах. Истото признание за тренер ја доби Пеп Гвардиола, за клуб Реал Мадрид и за агент Жоржи Мендес. Фудбалер на годината е Роберт Левандовски, клуб на годината Баерн Минхен, а тренер Ханс Флик. Специјални признанија за играчи на кариерите добија Икер Касиљас и Џерард Пике.