Роналд Куман е нов тренер на Барселона

Роналд Куман и официјално ја презеде клупата на Барселона. Сега веќе поранешниот селектор на Холандија се согласи на двегодишен договор, така што на „Камп ноу“ ќе се задржи најмалку до јуни 2022. За холандскиот стратег ова е своевидно враќање во клубот, каде ги мина најсупешните шест сезони како фудбалер на почетокот на 90-тите, кога со Барса освои четири ЛА Лига титули во низа и еден трофеј од Лигата на шампионите. Доаѓа на местото на Кике Сетиен со надеж славните фудбалски денови да ги реализира и како тренер. По отказот на Ерик Абидал, Барселона за нов спортски директор го назначи довчерашниот асистет, Рамон Планес.