Ромите се жалат дека ги попишуваат како Албанци и Турци
Роми попишани како албанци, турци, македонци, притисоци врз ромската заедница – Граѓанското движење – АВАЈА алармира за сериозни неправилности при спроведувањето на пописот. Попишувачи тврделе дека во пописните графи нема етничка припадност Ром/Ромка, а во голем број општини, Ромите не биле прашани за етничката припадност. Од здружението апелираат, надлежните институции брзо да дејствуваат за, како што велат, бројните манипулации. Од мониторингот на терен, најмногу нерегулароности се забележани во Тетово, Дебар, Кичево, Велес, Струмица, Радовиш. Во скопски општини каде доминира ромско население, на три дена до истекот на рокот за попишување, пописот се уште не бил започнат.
Овие манипулации се случуваат на места каде што Ромите живеат во средини каде што има доминантно население на други етнички заедници. Генерална забелешка во сите општини опошувачи земале само лична карта и не ги прашувале за етничкиот идентитет Сите горенаведени примери укаживаат на серија неправилности, притисоци и манипулации коишто насочуват дека СЗС нема целосна контрола врз спроведувањето на пописот бидејќи општинските пописни комисии го контролираат процесот преку инструкторите и попишувачите – истакна Марија Сулејманова од Граѓанско движење „Аваја“.
Од граѓанското движење денеска ќе испратат и допис со претседателот на државата, премиерот и министерот за правда, но и до дипломатските претставништва во земјава на ОБСЕ и Евростат.
Непочитувањето на методологијата на пописот, според претставниците на „Аваја“ сериозно ќе влијае на квалитетот на податоците собрани од попишувањето. Од Државниот Завод за статистика велат дека имале неколку средби со претставници на „Аваја“ но нивните наводи биле без конкретни докази.
Адријана Алексиеска