Ромите од Штип не верува во резултатите од пописот, од денеска почнуваат сами да се пробројуваат

Државниот завод за статистика да го корегира бројот на попишани Роми, алармираат ромските невладини организации. Тие  не се задоволни од податоците што излегоа по завршувањето на пописот на населението во државата. Официјалните и бројките на активистите не се совпаѓаат. Ромите се жалат дека  во многу семејства не влегол попишувач  за да ги преброи нивните членови.

  „Голем дел од Ромите не беа посетени од страна попишувачите. Па поради тоа сметам дека бројот што сега го имаме 2700 не е реален и не ја дава адекватната бројка на Роми во Штип. Според нашите анализи сметаме дека во Штип има околу 5000Роми во нашата општина„-изјави Ерол Адемов.

За да се утврди реалната состојба невладините активисти почнаа со нов попис. Првите анализи ќе бидат готови кон крајот на месец мај.   

  „Од овој месец започна имплементацијата на оваа активност. Ќе трае се додека не се попишат сите. Со ова ќе укажеме дека Државниот завод за статистика има направено еден голем пропуст во нашата општина „-изјави Ерол Адемов.

Според податоците од Пописот во државата се попишани 49.104Роми, од кои 2.671 живеат во странство.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста