Рома ќе добие нови сопственици за 600 милиони евра, Палота оваа сума ќе ја инвестира во Њукасл?

Италијанските медиуми тврдат дека групацијата „Фридкин“ е на прагот до преземање на Рома за сума од 600 милиони евра. Наводно, се е договорено со актуелниот сопственик Џејмс Палота, кој откако ќе ги добие парите за Рома ќе ги реинвестира во Њукасл. Премиерлигашот беше пред продажба на Саудиски конзорциум, но зделката пропадна, па сега Палота ќе се обиде да добие сопствеништво врз клубот од „Сент Џејмс Парк“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста