Роковите за нова влада течат – преговори се водат, но засега ништо конкретно

Ниедна политичка партија барем официјално нема обезбедено 61 пратеник, а тоа е минималниот праг за формирање влада. Иако лидерот на СДСМ се фали дека обезбедил пратеници и имаат поголема бројка од потребната, сепак партиите од албанскиот блок  демантираат дека си пружиле рака со социјал-демократите, велат само разговарале. Од ВМРО-ДПМНЕ му посочија на Заев ако навистина има мнозинство да каже со кого.

Гледаме дека СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори  „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што впрочем не е ништо ново за нив изминативе три години,  вели Димче Арсовски – ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера се појави инфомацијата дека Заев зад затворени врати се сретнал со Ахмети, Села и Гаши да се обиде да ги придобие мандат за формирање влада.

Од Алијанса на албанците потврдија дека разговарале со партијата на Заев, но само затоа што било веројатно дека СДСМ ќе до добие мандатот.

„Најмногу разговаравме со СДСМ, со другата македонска партија не бидејќи го нема мандатот, да го имаше мандатот би разговарале. Сега за сега сме во постојана неформална комуникација со СДСМ“, истакна Арбен Таравари.

Од ДУИ пак велат немаат договор со ниедна партија за Влада, ниту со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа изјава ја даде Османи откако порталите на албански јазик пласираа информација дека се крчка и постизборна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно со Левица, каде пример би бил Лазар Еленовски кој потекнува од семејство со мешан брак и со тоа би се задоволиле барањата на интегративиците.

Од ВМРО-ДПМНЕ за ова велат нема да коментираат ниту демантираат вести од непотврдени и неидентификувани извори.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста