Роковите за исплата поминаа, 30 илјади граѓани останаа без помошта од 6000 денари

Околу 30 илјади граѓани останаа без пари пред новогодишните празници. На 10% од добитниците на финансиска помош од државата од 6 илјади денари парите не им легнале на трансакциските сметки. Крајниот рок – 25-ти декември истече пред неколку дена. Затоа банките бараат повторно да се смени законот за финансиска помош за да можат да се вршат исплати и вон крајниот термин.

„Секогаш активностите мора да бидат во рамки на законските прописи. Во таа смисла, после истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на  сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се  направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови“ – велат од МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА.

Дали стоело во закон или не, се чини на владата не и е токлју важно. За да исплати пари вон рокот побара од банките да биле толерантни кон лицата кои го пропуштија рокот за отворање наменски сметки, нови сметки или пак кои ги нема во списоците. Ниту владиниот портпарол вчера, ниту пак, министерката за труд Шахпаска дадоа конкретен одговор дали повторно ќе с еменува законот за да се пролонгираат роковите или пак 30 илјади граѓани ќе останат со празни раце.

Инаку Владата тврди дека ги разгледала сите поднесени 78 илјади приговори. Се уште нема информации колку од нив се прифатени, а колку се одбиени како неосновани. Граѓаните треба да добијат одговор  на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на приговорот

Тања Попова

Advertisements