Роковите поминаа, дел од студентите извисија за платежна картичка

Студенти извисија за помош од државата преку домашната платежна картичка. И покрај 30.000 поднесени приговори, најмногу од лицата до 29 години, дел од студентите останаа без денар доделен од Владата. Иако ги исполнуваат условите, не се најдоа на списокот на добитници, а приговорите им беа одбиени.

Институциите си ја префрлаат одговорноста за проблемот. Факултетите кај министерството, а министерството пак кај Владата, односно во Генералниот секретаријат. А од таму пак одговор нема, зошто на сите студенти кои ги исполнуваат условите, не им е доделена ветената помош од 3000 денари.
Студентите, оние кои не добиле платежна картичка – незадоволни, велат се чувствуваат дискриминарано. Не разбираат зошто државата ги заборави, иако ги исполнуваат сите услови.

  • Првично од владата имаше најавено дека сите студенти, кои се на додипломски студии и се редовни студенти, не постари од 29 години, ќе има платежни картички. И после два месеци од приговорите, јас сеуште немам добиено платежна картичка. Мене воопшто и ме нема на списокот. Би сакала некој надлежен, од министерството, да одговори зошто за некои студенти има картички за други нема. На основа на што е направена ваквата дискриминација? Не ми е јасно зошто некои студенти чии родители се осигурени на минамална плата од 14500 денари не добија платежни картички, а некои студенти, чии родители се осигурени на многу повеќе добија платежни картички. Нас, студентите, воошто не ни е јасно што се случува? – вели Александра Субашиќ- студент.

Оние кои не добија картичка се жалеа , преку приговори. Беа прифатени само 4052. Останатите не ја добија помошта, без да им се даде конкретно објаснување – зошто не се исти со другите кои земаа по 3 000 денари.
Мерката за платежни картички за купување на домашани производи и летување во Македонија, беше дел од третиот сет мерки на Техничката Влада за време на Корона вирусот, но беа донесени во предизборна кампања за што дел од невладините и политичките актери ги класифицираа како поткуп на гласачи и злоупотреба на помошта која државата ја нуди за справување со корона кризата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста