Родригез нема да го напушти Реал

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид.

И покрај интересот за добивање на неговите услуги од страна на Наполи и Атлетико, сепак, како што пишуваат шпанските медиуми, фудбалерот од средниот ред најверојатно останува на „Сантијаго“.

Во пресрет на новата сезона во Примера, тренерот на Реал, Зинедин Зидан изјави дека ќе смета на Родригез.

-Тој е наш играч. Ќе добие шанса и верувам дека ќе бид од корист за тимот, изјави Зидан.

Во првото коло од новата сезона, Реал Мадрид утре ќе и гостува на Селта Виго