Роднински и пријателски врски критериум за делење пари од Агенцијата за филм

Роднински и пријателски врски критериум за делење пари од Агенцијата за филм

Во Друштвото на филмски работници, иако членуваат голем број режисери и продуценти, најголем дел од колачот, на проекти платени со државни пари, одел кај само двајца, Игор Иванов – Изи и Томи Салковски – покажува истражувањето на ТВ Алфа.

Покрај илјадниците евра, кои што ги извлекувле преку проекти од Агенцијата за филм и од државни тендери, тие лично успевале да заработат и преку фестивалите во организација на ДФРМ. Според финансиските извештаи на манифестацијата „Златна рамка“, само во 2020та година, Иванов и Салковски заработиле хонорари од по 132 илјади денари за секого, односно, меѓусебно си поделиле повеќе од 4 илјади евра, народни пари.

На ова реагираше и поранешниот претседател на надзорниот одбор во ДФРМ, Никола Мадичќ.

  • Во извштаите за „Златна рамка“, на сите членови на надзорниот одбор ни падна во очи тоа што, првата година, свеченоста за затворање е 367 илјади денари, додека втората година, таа иста свеченост чини 155 илјади денари. Она што може да се увиди е дека во втората година, се појавуваат како директор на фестивалот претседателот на друштвото, а како продуцент се појавува генералниот секретар.“ – Изјави продуцентот и поранешен претседател на надзорниот одбор во ДФРМНикола Мадиќ.

Пари од државниот буџет имало и за најблиското семејство на Иванов и Салковски. Во документите до кои стигна ТВ Алфа, стои дека за печатење на материјали на филмската ревија „Златна Рамка“, ангажирана била издавачката куќа „Ротко“ во сопственост на Виктор Ирвин Иванов, син на Игор Иванов – Изи, за безмалку 2 и пол илјади евра. За делбата да биде братска, од нардони пари се офајдил и внукот на Томи Салковски, односно продуцентската куќа „Црна Мачка“ во сопственост на Кристијан Буровски. Ангажирана за реклама и промоција, оваа компанија само за изданието на „Златна Рамка“ во 2020та година, заработила 153 илјади денари, односно скоро 2 и пол илјади евра.

Од оваа филмска ревија заработиле и лица за кои Министерството за култура утврдило оти имале судир на интереси, бидејќи одлучувале кој ќе земе народни пари од Агенцијата за филм, а истите и заработувле од проекти со финансиска поддршка од државниот буџет. На списокот се најде името на Ана Василевска, која од „Златна рамка“ во 2019та година заработила хонорар од 66 илади денари, односно повеќе од 1000 евра, а една година подоцна пак, безмалку 50 илјади денари, додека во меѓувреме, во Агенцијата за филм одлучувала на кого ќе му се додели финансиска поддршка, а на кој не.

На списоците од оваа манифестација се наоѓа и името на Бранко Петровски, ангажиран како „Координатор на собрание“ за што заработил скоро 50 илјади денари. Според надзорот на Министерството за култура, Петровски не само што имал судир на интереси, додека бил ангажиран во Агенцијата за филм, туку незаконски бил назначуван за финански советник седум години по ред, иако законот го ограничува мандатот на само една година и бара за секој конкурс да биде назначена друга личност. Министерството за култура писмено и укажувало на Агенцијата за филм и на претходната Влада за овие недоследности, но оттаму не презеле ништо. Ова веројатно се случувало, бидејќи дел од овие имиња важат за блиски до високи функцинери на Социјал демократскиот сојуз.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста