Родители загрижени за безбедноста од ширењето на вирусот во училиштата

Се поголем страв и загриженост владее кај родителите на учениците поради ризикот за ширење на коронавирусот со започнувањето на учебната година. Се плашат поради големиот број на ученици во полошко, а и поради сомнежот дека протоколите за заштита целосно не се почитуваат. Родител на ученик во средното медицинско училиште во Гостивар сакаше јавно да реагира, прашувајќи како се заштитени учениците кои со часови седат еден до друг во иста училница, а се 40-тина на број.

Во училиштата пак, велат дека ја разбираат загриженоста на родителите, но тврдат дека протоколите се почитувале и немало клас со повеќе од 35 ученици.

Во Секторот за образование пак, уверуваат дека засега состојбата била стабилна и нема случаи на локална трансмисија на вирусот меѓу учениците. Родителите сепак, бараат од надлежните да дејствуваат со време, за да не го снајде тетовскиот регион истата ситуација, како после бројните свадбени веселби летово.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста