Родители: Онлајн наставата ќе остави дупки во знаењето кај децата, нас никој не не праша

Низата недоречености кои останаа во однос на почетокот на новата учебна година им го “подгреа” гневот и револтот на родителите. Одлуката за онлајн настава за нив е непромислена и нејасна, институциите се без слух за родителите, а ваквата настава ќе им остави големи  “дупки” во знаењето на децата.

Компјутерите таблетите и телефоните се само игра за децата не е тоа за нив образование. Деца до трето одделение и поголемите деца не можат преку презентации да научат. Во ред е, децата со хронични заболувања да следат со онлајн – но државата да им даде услови ..бидејќи не секој може да си дозволи на детето да му купи лап топ или да плаќа интернет.  Нека им овозможи државата на тие деца услови за тоа. – вели Ивана Павлова, родител.

Загриженоста преовладува и кај родителите на повозрасните ученици.

Грешката е во тоа што никој нас родителите од самите училишта не не прашаа за ние да се изјасниме нашето дете на кој начин ќе посетува настава. Јас имам две деца кои ми се во средно училиште. Секое училиште барем во Велес е со повеќе влезови. Може да се направи, определени паралелки да влегуваат и излегуваат од посебни влезови. Да бидат скратени часовите…да се скрати програмата, значи има начин меѓутоа нема слух за никого.вели Загорка Јовановска – родител

Наставникот Гоце Бумбароски за Алфа вели дека онлајн наставата е погрешен чекор на надлежните, затоа што ништо на светот не може да ги замени училишните клупи.

Онлајн наставата е во втор план, односно таа е како резерва.Ништо не може да ги замени училишните клупи ниту училиштата и оној физички пристап. Ако е така, зошто ни се наставници? изјави наставникот Гоце Бумбароски.

Дополнително отежнува тоа што датумот на старт на учебната година уште го нема, иако според надлежните најрано би можело да се почне на 15 септември ако собранието стане функционално за да се направат законски измени.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста