Родител 1 и Родител 2 постојат во Е-дневниците, но изгледа само МОН не ги гледа
Родител 1 родител 2 постои во електронскиот дневник и покрај упорното демантирање на Министерството за образование. МОН денеска повторно обвинија дека се целосно невистинити и измислени информациите и дека сликата која се појавила била дел од апликација за е-дневник од 2010 година. Но, наставник од едно основно училиште денеска ни испрати нова фотографија на која јасно се гледа дека термините „мајка и татко“ не постојат, наместо тоа, во најголем дел од примерите, татковците се обележани со број 1, мајките со број 2.
На прашањето зошто воопшто има потреба да се тргнат традиционалните термини и на на тоа место да стојат родители под редни броеви, од МОН апелираа јавноста да не подлегнувала на лажни информации – и покрај доказите во јавноста. Демантираат и било каков блан за бришење на термините согласно новата концепција која се планира од 1 септември.
Апелираме до родителите, наставниците и учениците да не подлегнуваат на ваквите лажни информации и да ги следат официјалните известувања и документи на МОН кои се јавно достапни, со цел да се избегне нивна манипулација – велат од МОН.
Овие информации брзо предизвикаа бурни реакции во јавноста. Граѓаните кои ги прашавме што мислат за овој скандал, не се согласуваат со концептот на МОН. Според нив е безпредметно во –дневниците да стои родител 1 и родител 2.
Претходно и од Иницијативата „Настава и учебници мора да има“ предупредија дека од септември, согласно дигитализацијата, стандардниот печатен дневник ќе замине во историјата, а со него и термините мајка и татко, па ќе се користи само е-дневникот а во него јасно стои родител 1 и родител 2.
Адријана Алексиеска