Родител 1 и родител 2 дефинитивно ги заменија „мајка“ и „татко“ во електронскиот дневник, што демантираше Царовска?
Родител 1 и родител 2 дефинитивно ги заменија„мајка“ и „татко“. Под превезот на дигитализацијата што Царовска ја спроведува на сила, покрај промените во учебниците во однос на историјата, на површина излегува дека сега и традиционалните термини „мајка и татко“ се исфрлаат од новите електронските дневници. Драгана Спасевска од граѓанската иницијатива „Настава и учебници мора да има“ обелодени дека од септември во училиштата ќе има само електронски дневници за евиденција на успехот на учениците, а таму родителите ќе бидат обележани под редни броеви.
Од први септември нема да ги има оние стандардни дневници, ќе има електронски дневник, во кој ние родителите сме потпишани како родител 1 родител 2, пристап имаат наставниците, кога тие ќе ја отворат нивната евиденција, зборувам од влез на наставник, во електронскиот дневник во графата ние стоиме родител 1 родител 2 – вели Спасевска.
Кога во мај за прв пат се појавија овие информации, Царовска остро демантираше. Сепак, тројца наставници, од три различни училишта во Скопје за Алфа потврдија дека уште од април овие термини се користат, но само во алтернативниот електронски дневник, кој од септември ќе стане еден и единствен регистар за евиденција на успехот и информации за ученикот. Со планот за дигитализација, традиционалниот печатен дневник кој се користеше во последната учебна година и каде се уште стоеја термините „мајка и татко“ нема да постои.
Вметнувањето на термините Родител 1 и Родител 2, наместо татко и мајка и во Април предизвика бурни негодувања во јавноста, кои ја натераа министерката да демантира. Уште тогаш, професорката Тања Каракамишева алармираше дека Е-дневниците имаат таква графа, но Царовска ја обвини ВМРО ДПМНЕ дека преку партиски мегафони се обидува дрско да манипулира со граѓаните. Ваква информација проструи и во 2019 година, но и во тоа време, Мила Царовска како Министер за труд и социјална политика демантираше.
Адријана Алексиеска