Рочиште за „Меѓународен Сојуз“: Боки 13 бара изземање на судијката Гавриловска била пристрасна заради „Рекет“

Повторно шоу во судницата каде продолжи судењето Меѓународен сојуз. Скапа облека, довикувања, лични обвинувања, вака изгледаше рочиштето на кое денеска Боки 13 побара изземање на судијката Софче Гаврилова оти како што вели била политички инструирана, но и била во тимот кој судел во случајот Рекет и веќе има формирано мислење за него. Таткото на Јовановски пак порача дека ова бил заевистички суд.

Вие самата изјавивте дека сте барале изземање со оглед  на тоа што веќе сте оформиле мислење во претходниот предмет. Поголем доказ од ова дека судија не може да биде непристрасен не постои…вели Бојан Јовановски.

Сепак посочи дека не верува дека неговото барање ќе биде усвоено.

Дали вие знаете дека нема да бидете изземени штом закажувате следно рочиште. Јас знам дека нема да бидете изземени вели Бојан Јовановски.

Судијката Гаврилова рече дека ќе го извести претседателот на Кривичниот суд за барањето на Јовановски и го продолжи судењето.

Бев под притисок на политички Вагабонти и не подлегнав, рече Јовановски кој директно  ја обвини судијката дека секој пат кога ќе вмешал политика таа му го одземала зборот и го цензурирала.

Денешното рочиште не траеше долго оти Јовановски имал лоша здравствена состојба, примал терапии и морал да биде во легната состојба, сепак тој најави дека во наредниот период ќе следеле уште кривични пријави.

По завршувањето на рочиштето, Фросина Ременски која е исто така обвинета во случајот кажа дека обвинителството не ги користело предметите кои биле одземени од нејзиниот дом.

Следното рочиште за Меѓународен сојуз е закажано за на 25 ноември.

Мери Ѓоѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста