Робин Кантегрел пристигна во Скопје

Новото име меѓу стативите на РК Вардар, Робин Кантегрел пристигна во Скопје. Францускиот интернационалец  доаѓа од редовите на екипата на Кретеи и заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе ја чуваат мрежата на единствениот македонски претставник во новата сезона во Лигата на шампиони. Откако ќе го мине потребниот здравствен протокол Кантегрел ќе му биде веднаш ставен на располагање на тренерот Стефче Алушовки кој на крајот од неделава со своите избраници ќе ги започне подготовките за предизвиците на вардарци во новата сезона. Тимот инаку вчера го потврди ангажманот на полскиот репрезентативец Патрик Валчак кој потпиша договор до 2022 година, а на грбот ќе го носи дресот со бројот 7.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста