РКЕ: во следните 14 дена да не се исклучуваат од струја и вода граѓаните со неплатени сметки

Регулаторната комисија за енергетика, им препорачува на компаниите од енергетскиот сектор, и на јавните водоводни претпријатија во наредните две недели, да не ги исклучуваат граѓаните, кои имаат неплатени сметки за струја, парно и вода.

Апелот на регулаторната комисија, доаѓа по одлуките на владата, за превенција од ширење на коронавирусот, и пандемијата, што ја прогласи светската здравствена организација.

Регулаторната комисија, со оваа препорака, сака да им укаже на компаниите, чија работа е под нејзина надлежност, деа треба да покажат хуманост, и да се воздржат од активности, што би влијаеле врз здравјето на граѓаните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста