РКЕ: Цената на струјата останува иста

Цената на струјата останува иста. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да не ја зголеми цената по која граѓаните ќе и плаќаат на новата компанија ЕВН Хоум од наредниот месец. И покрај тоа што цените на светските берзи постојано растат, цената не се менува бидејќи на аукцијата завчера ЕЛЕМ понудила целосно да ги задоволи потребите на домаќинствата по цена од 34 евра за мегаватчас, што е за 15% поевтино од лани.

„Оваа цен апо која ќе откупува ЕВН Хоум, со оваа наша одлука ја утврдивме да изнесува, 5.77 денари.Споредено со центаа што ја понудил Елем, таа е повисока за 170%. Она што е значајно е дека ќе немаме потреба од увоз на струја на регулираниот пазар“ – вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

ЕЛЕМ лани остварил добивка од 29 милиони евра. Добрите резултати биле резултат на намалените трошоци во рудниците и позитивното работење на РЕК Битола. Инаку граѓаните ја зголемиле за 7% потрошувачката во часовите во кои важи евтината тарифа.

„На годишно ниво, тоа некаде чини 11 милиони евра. Споредено цена на домаќинства 2019 со 2017 година, кога е воведена евтината тарифа, цената за домаќинствата е намалена за 5%“ – вели Бислимовски.

Ова е прва година како Регулаторната комисија за енергетика не ја утврдува цената на државната ЕЛЕМ. Откако од понеделник ќе проработи универзалниот снабдувач, за домаќинствата се ќе остане исто. Единствено сметките наместо на ЕВН, ќе и ги плаќаат на ЕВН Хоум.

Тања Попова