РК ВАРДАР ГО ПРЕЧЕКУВА ВЕЧЕРВА (20:45) ПОРТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

Иако е со големи измени во играчкиот кадар, Вардар и натаму важи за респектабилен тим во ракометната Лига на шампиони, барем според зборовите на противниците, поточно оној вечерашниот Порто кој од вчера напладне е во нашата земја во пресрет на дуелот кој од 20:45 минути ќе се игра денеска во арената „Јане Сандански“. Противникот со максимален респект приоѓа на дуелот со Вардар кој пофалните зборови ќе треба да ги оправда и со играта на теренот. Ако е онака како против Фленсбург тогаш Порто треба да биде загрижен, а гледачите и љубителите на ракометот кај нас да се надеваат на нова радост и победа. Кај вардарци ќе недостасува Кристијан Дисингер поради повреда на рамото. Тренерот на црвено-црните Стефче Алушевски истакна дека играта 7 на 6 е главно оружје на Порто и доколку тоа биде неутралзиирано може да се размислува за позитивен реузлтат. Противникот на голот го има македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој во минатата рунда бранеше во одлична форма, па секако дека и неговото издание меѓу стативите ќе влијае околу конечниот епилог на вечерашниот дуел.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста