РК ВАРДАР ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА И ВЕДНАШ СЕ УПАТИ НА ТРЕНИНЗИ НА ЗЛАТИБОР

Ракометарите на Вардар синоќа во Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона во која, според се, ќе играат во Лигата на шампионите, во домашниот шампионат и тоа од самиот почеток, и во СЕХА лигата, каде, според новиот стар тренер Веселин Вујовиќ ќе се бара побластен статус односно прескокнување на првата фаза и приклучување во елиминациите. Црвено црните веднаш се селат на Златибор, а од 11 август започнуваат со подготвителни натпревари. Првиот тест е со Еурофарм Пелистер, па следат Струшкиот турнир и Хумел купот, а потоа е двомечот со Загреб од регионалната лига.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста