РК Вардар единствен македонски претставник во ЛШ, Еурофарм Пелистер и ЖРК Куманово без Вајдл-карта

Екипата на Вардар ќе биде единствениот македонски претставник во новата сезона од ракометната Лига на шампиони. Европската ракометна федерација денеска ги потврди учесниците во новото издание на елитниот шампионат каде ќе нема место за битолскиот тим Еурофарм Пелистер кој се надеваше на вајлд-карта. Покрај вардарци загарантирано место во ЛШ имаа уште и ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем, Фленсбург, Киелце, Алборг, Загреб и Порто додека, вајлд-карти добија Нант, ПИК Сегед, Елверум, Мешков Брест, Целје и Мотор Запорожје.

Ждрепката е закажана за 1 јули во Виена.

Претставник повторнмо ќе немаме ниту во женската ракометна Лига на шампиони, откако ниту ЖРК Куманово не доби вајлд карта за настап. Учество во новата сезона кај дамите обезбедија ракометарките на Ростов, Ѓер, Мец, Брест Бретањ, Есбјерг, Будуќност, Оденсе, Борусија Дортмунд, Битенгхајм, Рамницу Валчеа, ЧСМ Букурешт, Крим, ЦСКА, Подравка, Ференцварош и Кристијанштад.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста