РК МЕТАЛУРГ ФАВОРИТ ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЧЕРАШНАТА ПРЕСМЕТКА СО КРИНС ВО БОРБАТА ЗА МЕСТО ВО ЛЕ

Ракометарите на Металург  вечерва се пред важен и голем предизвик. Тие во СЦ Јане Сандански од 20:45 го пречекуваат составот на Кринс во првиот дуел од  второто квалификациско коло во Европската лига. Засега тимот предводен од Зоран Кастратовиќ е комплетен сите играчи имаат негативни резултата на Ковид тестовите кои беа направени како дел од задолжителната процедура во пресрет на овој натпрвер.  Исполнети се сите услови за да може на најдобар начин да се икористи домашниот терен и да се постигне добар резултат во пресрет на реваншот во Швајцарија закажан на 29. септември во Цирих. Фаворитската улога денеска му се припишува на Метлург кој претходно ја мина хрватска Спачва и цели на настап во фазата по групи во ново формираното натпрверување од страна на ЕХФ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста