РК Еурофарм Пелистер и официјално го имаше првиот собир пред подготовките за новата сезона
Екипата на Еурофарм Пелистер која по фузијата мината година неколку пати беше критикувана од верните фанови на кои не им се допадна во целост идејата з а обединување денеска ги израдува своите навивачи. Битолскиот состав ја презентираше новата гарнитура на дресови за предизвиците во престојната натпреврувачка сеознаа според желбата на навивачите еден од трите комплети е во поскауваната боја зелено-бел. Еурофарм Пелистер утрово инаку го имаше првиот собир на кој тренерот Жељко Бабиќ им ја претстави програмата за работа во рамките на подготвките за новата сезона кои ќе стратуваат од понеделник во Маврово, а ќе продолжат со учество на турнирите во Струга и Атина. Играчите на битолаксиот тим ќе се натпревруваат освен во домашното првенство и во Лигата на Европа каде обезбедија директно учество во фазата по групи која би требало да стартува на почетокот од октомври, како и СЕХА лигата каде првите дуели ќе ги играат во септември.